Трговска книга

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Малопродажба >

Трговска книга

Евиденција во трговска книга

 

После делот за калкулациите ни се наоѓа трговската книга односно ЕТ книгата за малопродажба.

Во трговската книга за малопродажното работење имаме приказ на сите калкулации кои влегуваат или излегуваат во или од продавницата. Кога ќе ја одбереме трговската книга во истата веднаш имаме можност да внесеме почетен и краен датум и соодветно тој датум ќе добиеме пополнет формат на ЕТ книга.

 

 

 

Дополнително имаме можност за одбирање на продавница, магацин, префикс или одреден комитент. Доколку потврдиме со во ред Ф9, на екранот на самиот приказ добиваме приказ на сите калкулации кои се во периодот кој првично сме го внеле. Како што можеме да забележиме во ЕТ книгата имаме ПЛТ калкулации тоа се оние преносници кои сме ги направиле од магацинот, имаме влезни фактури односно приемници кои се внесени директно во продавницата. Тука ќе ги најдеме и дневните финансиски извештаи и нивелациите кои сме ги искреирале за промена на цена.

 

 

За документите добиваме соодветен приказ на екранот со сите податоци како набавна вредност, продажна без ДДВ, вкалкулиран ДДВ, ДДВ обврска, дневен пазар, тука исто така имаме приказ на продажниот износ со ддв односно посебно по тарифи 18% и 5%.

 

malopr_TrgKng_ET_01

 

Во долниот лев агол имаме приказ на неколку опции. На копчето дневен пазар имаме можност за рачно внесување на дневен пазар од продавницата. Ова е потребно да го користиме кога поради некоја причина не е направен автоматски запис на дневен пазар кој програмот го прави автоматски со затварање на промет во каса.

 

 

За внесување на дневен пазар во првиот дел да внесеме продажен износ со ДДВ од 18% или 5% соодветно продадените производи за кои имаме увид од дневниот финансиски извештај, како и ДДВ- то од продажбата на македонски производи.

Подолу во наредниот дел се пополнува дневниот пазар  и датумот за кој се внесува. Со во ред Ф9 се прави потврдување на записот и истиот се запишува во ЕТ книгата.

На подолните копчиња имаме можност за промена и бришење на записите.

Печатењето ЕТ го користиме за печатење на евиденцијата на трговија и притоа добиваме ваков приказ кој секако можеме да го отпечатиме

 

 

Во истиот се содржани податоци како датум на книжење, број на документ, датум на документ, набавена вредност, продажна вредност и дневен промет. Основните податоци како датум и од која продавница е овој документ. ЕТ образецот е законски пропишан документ.

Со евидентирање на дневен промет во програмата автоматски се прави запис и во КДФИ книгата. Истата имаме можност да ја отпечатиме преку ЕТ Книга на дневни финансиски извештаи КДФИ за истата добиваме урнек на печатење.

 

 

Со остварен вкупен промет соодветно поделено со ДДВ од 18% или 5% во текот на денот.

Дополнително можеме да ги користиме и копчињата за Вкупно каде што имаме евиденција на екранот за вкупното салдо

 

 

Копчето промени период го користиме за промена на период како што направивме при првично повикување на ЕТ книгата, всушност за да не излегуваме од ЕТ книгата промената на периодот можеме да ја направиме додека сме во содржината на книгата соодветно нашите потреби.