<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Малопродажба > Каса > Промет по производи |
Во делот за промет по производи добиваме детален приказ за извршената продажба на ниво на производ. Како и кај прометот по парагони можеме да одбереме за кој временски период сакаме да го добиеме приказот.
Како што можеме да забележиме и овде имаме различни филтри на ниво на вработен, односно со одбирање на вработен ќе добиеме извештај за количина на продадени производи од одбраниот вработен, избор за извештај по ниво на каса, од која каса колку е извршена продажбата по производи, филтер по тип на плаќање, односно готовина или картички и дали да имаме увид во сите парагони или филтер за само сторно парагони.
Од десната страна на екранот имаме можност за филтер по добавувач и купувач, односно со Ф5 имаме можност да одбереме комитент добавувач и да добиеме приказ на количина на производи за тој комитент, истото со Ф8 можеме да го добиеме и со одбирање на одреден купувач.
Под него веднаш ни се наоѓа филтерот по бренд, односно доколку за производите имаме внесено брендови во шифрарникот на комитенти, во овој дел можеме да добиеме увид на продадена количина за одреден бренд.
Во полето за рабат можеме да одберете приказ на рабатот при што на екранот ќе добиеме процентуален приказ на рабат.
Под полето рабат имаме избор за начин на приказ, овдека добиваме кратко паѓачко мени на кои имаме можност за избереме разгранет приказ каде што освен производ , количина, цена и износ. Дополнително добиваме приказ и за добавувач и бренд. И како уште една опција имаме можност за избор на детално разгранет приказ на кој добиваме ваков приказ
Увид од која каса е продаден производот, од кој вработен, кој број на парагон, кое време е направена продажбата, која е шифрата на производот, името на производот, количината, цената и износот, кон кој купувач е извршена продажбата.
Во долниот дел на екранот имаме уште некои дополнителни опции
Филтер Н/О/П се филтрираат производите по назив, основна шифра или помошна шифра.
Копчето ажурирај се користи секогаш кога правиме промена на датумот или пак на некој филтер, со цел да се направи ажурирањето и ние да го добиеме тоа што всушност го имаме ставено како филтер мора да направиме ажурирање.
Копчето Ресет се користи за ресетирање на сите претходно поставени филтри.
Од десната страна во долниот агол имаме опција за сортирање по, тука на паѓачкото мени имаме избор за сортирање по основна шифра/помошна шифра/назив, износ или количина. Соодветно што ќе се одбере се врши сортирање на производите.
Копчето печатење се користи се печатење на конкретен извештај, додека копчето фактура се користи за печатење на фактура за производот на кој што сме позиционирани.
Полињата за вкупен промет и вкупен попуст се соодветно пополнети со износот за остварениот промет за периодот и претходно зададените филтри, како и изразениот рабат.
Копчето Излез или ESC користи за излез од промет по парагони и не враќа во почетниот дел од модулот каса.