Останати опции од малопродажба

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Малопродажба >

Останати опции од малопродажба

Да ги споменеме и останатите опции во делот за малопродажното работење, истите се наоѓаат во горниот агол од екранот.

 

 

Во специјални опции имаме можност за

 

 

Масовно доделување на терк и налог за автоматско книжење во финансов налог со предходно искреиран терк, со селекција на калкулациите и одбирање на оваа опција можеме да внесеме терк и налог за повеќе калкулации истовремено

Масовно прекнижување на селектирани калкулации го користиме за автоматско прекнижување по додавање на терк и налог или евентуално правење на било каква промена на калкулацијата

Со селекција и масовно префрлување во трговска книга калкулациите се префрлуваат во трговската книга

Масовна пресметка на селектирани калкулации се користи за ажурирање на цените во содржината на калкулацијата

Масовно прекнижување на селектирани калкулации во сите продавници се користи за прекнижување на калкулации претходно селектирано во сите продавници

 

 

Во делот за корекции имаме корекција на износ или корекција на наплатено

Прави ажурирање на евидентирана наплата во комерцијалното работење или финансиско.

Во копирање се прави копирање на калкулациите во влез, или пак дополнително копирање на селектирани калкулации во една излезна фактура. Ова се користи кога имаме на пример повеќе излезни калкулации како испратници кон еден ист купувач и потоа тие испратници треба да ги споиме во една фактура. За оваа постапка отвораме нова калкулација која ја означуваме како излезна фактура и ја селектираме со Ф од тастатурата додека сите останати испратници се селектирани со *. Со пуштање на оваа опција програмот автоматски ја префрлува количината од испратниците во збирната фактура означена со Ф.

 

 

 

Во делот за безбедност се наоѓа можноста за заклучување или отклучување на селектирани калкулации. Доколку калкулациите се заклучени се отклучуваат во овој дел со отклучување на една калкулација или масовно отклучување на повеќе селектирани калкулации.

 

 

Во печатења имаме опции за масовно печатење на калкулации, селектирани. Масовно печатење на ПЛТ за влезни калкулации.

Во долниот дел од екранот имаме и останати опции

 

Филтер со Ф12 имаме можност за филтер на калкулациите по датум

 

 

По коминтент со опција Ф6 дали да биде само филтер или калкулациите соодветно нашето барање да се селектираат.

Копирање од продавница во продавница, калкулацијата се копира во друга избрана продавница. За оваа опција во продавницата не треба да биде зафатен калкулацискиот број во продавницата која се копира.

Префрли во ЕТ, се однесува на една калкулација која сакаме да ја префрлиме во ЕТ книгата. Се позиционираме на калкулацијата, отвораме на останати опции и одбираме префрли во ЕТ.

Со копчето сума добиваме на екран приказ за износ на наплатено, за наплата и остаток.