<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Малопродажба > Лагер листа |
Во делот за малопродажно работење имаме можност за евиденција на две лагер листи лагер листа брза и лагер листа проширена.
Истите се наоѓаат во паѓачкото мени во делот за малопродажното работење
Разликата помеѓу овие лагер листи е тоа што брзата лагер листа ја прати касата и ја покажува моменталната состојба на количините на производите во продавницата, додека проширената лагер листа се израмнува со брзата тогаш кога во програмата ќе се затвори прометот.
Доколку на крај на денот овие две лагер листи даваат различен приказ на количина треба да се провери дали е затворен прометот во продавницата за тој ден.
Брзата лагер листа ни дава многу краток приказ, со одбирање на конкретен период и продавница го добиваме следниот приказ
Моментално колку имаме количина од производите, колку имаме влез и излез, продажна цена со ДДВ и продажен износ со ДДВ.
За истата имаме можност да направиме одредени филтери на производи по добавувач или по назив на производ.
Брзата лагер листа можеме да ја отпечатиме на копчето печатење Ф2, веднаш под тоа печатење имаме можност за печатење на листа за попис.
Кај проширената лагер листа добиваме сосема поинаков приказ на екранот. Со одбирање на лагер листа од паѓачкото мени внесување на соодветен период и одбирање на конкретна продавница на екранот добиваме приказ од сите производи соодветно со количина, набавна цена, продажна цена, просечна цена.
Проширената лагер листа за разлика од брзата ни нуди повеќе функции. Во горниот дел од екранот во функции имаме можност за избереме повеќе можности
Селектирај критични количини се користи доколку во шифрарникот на производи сме внеле износ за критична количина
Селектирај позитивни количини, се прави селекција на сите производи кои се со позитивна количина
Бриши нулти количини, ги брише сите производи кои се со количина 0
Бриши неселектирани ќе ги избрише сите производи од лагер листата кои не се селектирани со *
Бриши помали од нула, ќе ги избрише сите производи кои се со минусна количина
Бриши без излезна количина, се бришат оние производи за кои не сме направиле продажба
Бриши пасивни производи, се бришат од лагер листата оние производи кои во шифрарникот на производи сме ги означиле како пасивни
Во овој дел можеме да одбереме групирање на производите по главна, помошна или основна шифра и сортирање по име или шифра.
Исто така имаме и можност за печатење
Печатење за попис со количина и дополнително празна црта за ние да изброиме количина, печатење за попис без количина и печатење пописна листа со соодветен кусок вишок по извршен контролен попис.
Во долниот дел од екранот имаме можност за печатење на лагер листата.
Со позиционирање на конкретен производ и кликнување на копчето материјална картица, програмот ни дава евиденција за картицата на движење на производот, за да не мора да излегуваме од лагер листата за да влеземе во картица на производ ова може да го направиме директно преку лагер листата.
Имаме можност за користење на филтер по назив, основна шифра и помошна шифра.
Во лагер листава имаме целосен увид за финансискиот влез, финансискиот излез односно целокупната финансиска состојба.
Прикажана ни е моменталната присутна количина, влезната количина и излезената количина како и ДДВ то поделено со соодветен процент по продажни цени 5%, 18% или 0%
Печатењето на лагер листата изгледа вака