<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Материјално работење > Излез од магацин > Авансна, конечна фактура |
Во ова поглавје ќе биде објаснета постапката за креирање на авансна и конечна фактура во програмот.
Опцијата за креирање на авансна фактура Ви стои на располагање во истиот прозорец каде креирате стандарден излезен документ од модулот за материјално работење и постапката за пополнување на сите останати полиња во овој прозорец е детално опишана во поглавјето обележано како Излез.
Специфичниот дел за креирање на авансна фактура е позициониран во третиот таб од горепонудените опции во овој прозорец именуван како Посебни. За една фактура да се евидентира како авансна потребно е да ја изберете опцијата Авансна како што е прикажано на сликата подолу:
По зачувување на овие записи со кликање на опцијата Во ред или F9 на тастатурата, програмот ќе Ве одведе во содржината на калкулацијата, каде како и при креирање на стандардна фактура потребно е да ги повикате производите од кои истата се состои. И оваа постапка во детали е опишана во поглавјето Излез.
Оваа фактура Ви стои на располагање за печатење во форма на Авансна Фактура и дизајнираниот урнек е во склад со Законските прописи за изглед на истиот.
Програмот овој документ ќе го запамети како Авансна фактура и ќе Ви го понуди за избор кога ќе повикате опција за креирање на конечна фактура кон истиот комитент. За таа цел потребно е да отворите нов прозорец за креирање на излезен документ во материјално/излез и после стандардно пополнување на сите останати полиња, во истиот таб именуван како Посебни да ја обележите оваа фактура како Редовна како на сликата подолу:
Тука програмот на увид ќе Ви ги даде сите претходни записи кои биле обележани со Авансна за да изберете од кој сега сакате да креирате редовна фактура. Обележувањето го правите со позиционирање на саканиот запис и притискање на ѕвездичка (*) или плус (+) доколку сакате сите записи да влезат како износ во оваа редовна фактура. Со притискање на минус (-) наеднаш ги деселектирате сите.
По зачувување на овие записи со кликање на опцијата Во ред или F9 на тастатурата, програмот ќе Ве одведе во содржината на калкулацијата, каде во печатената форма на документот автоматски ќе се повлечат авансните фактури од кои бил генериран.