<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Материјално работење > Излез од магацин > Производство > Производство-Со турнуси (по еден производ во магацин) |
Во ова поглавје ќе биде опишан начинот на креирање на калкулации кога производството е евидентирано во поделени турнуси и потребни се податоци за секој посебно.
За да имаме коректна евиденција за секој турнус посебно, потребно е да се отворат посебни магацини. При отворање на магацинот потребно е да се пополнат податоците во табот турнус како што е прикажано на сликата подолу:
Имено, потребно е да се внесе шифрата на готовиот производ кој ќе се произведува во соодветниот турнус и да се одбере опцијата 2. Да за да му се зададе наредба на магацинот да работи како специјален турнус.
Дополнително, од делот на првичните сетирања, потребно е да се сетира евидентна набавна цена во шифрарникот на производи за секој репро материјал посебно, со цел истата да се повлекува при секоја засебна продажба до моментот кога ќе се распредели реалната набавна цена, на крај на турнусот.
Сите записи (Влезно/излезни калкулации) поврзани со производството треба да се евидентираат во магацинот дизајниран за секој турнус одделно. При тоа калкулациите се креираат стандардно како секој обичен влез и излез од магацинот се до моментот кога ќе заврши турнусот кога само со избор на една опција на главниот екран во материјално/излез, ќе се пресмета прецизна набавна цена. Таа опција може да ја видите на долниот дел од екранскиот приказ како на сликата подолу:
Оваа опција е комплетно автоматска и ќе изврши повторна пресметка на набавната цена земајќи ги во предвид сите влезови и излези креирани во магацинот и истата соодветно ќе ја закачи во самите калкулации.