Таб 1: Лични податоци

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Плата > Матични податоци за вработените >

Таб 1: Лични податоци

По клик на копчето за внес на нов вработен (Ins) на приказ се отвара Таб 1: Лични податоци за вработениот.

Во соодветните полиња потребно е да се внесат податоците кои се однесуваат на:

 

 

(1) Шифра на вработениот која треба да се состои од 3 или 4 цифри во зависност од бројот на вработените во фирмата, Пр. 001 или 0001. Шифрата е уникатна за вработениот. Истата не може да биде искористена и за друг вработен, во истата фирма.

(2) Позиција Вработен/Директор се одредува преку radio button избор. Доколку се изработува плата за фирма која нема посебни специфики, тогаш препорачуваме внес како ВРАБОТЕН на сите лица во фирмата вклучувајќи го и Директорот на истата. Доколку пак станува збор за подготовка на платата за СТД, тогаш задолжителен е внес на статус Директор кај вработеното лице кое е Директор на фирмата дефинирана како СТД. Самата подготовка на платата за фирми дефинирани како СТД вклучува дополнителни законски олеснувања за Директорите на истата кои треба и соодветно да бидат прикажани во МПИН софтверот на УЈП а сето тоа ќе се реализира со поставувањето на статусот Директор.

(3) Минат труд Да/Не подразбира radio button избор и во зависност од интерните процедури, корисникот треба да сетира дали кај вработениот ќе се пресметува минат труд;

(4) & (5). Име и презиме на вработениот подразбира внес на името и презимето на вработеното лице кое го внесуваме во матичните податоци;

(6) Адреса подразбира внес на адресата на која живее вработеното лице;

(7) Матичен број (ЕМБГ) е поле за внес на единствениот матичен број на вработеното лице.

(8) Стручна спрема во текстуалното поле се внесува стручната спрема на вработениот, пр. ВСС/ССС и сл;

(9) Код за здравство е поле за избор на шифрата на кодот за здравство за вработениот. На стрелката на самото паѓачко мени, корисникот има можност да  избере кој код за здравство треба да се внесе кај вработениот;

(10). Бр. на работна книшка е текстуално поле за внес на бројот на работната книшка доколку истиот ја поседува. Внесот на информацијата во ова поле не е задолжителен.

(11) Коментар корисникот има можност во полето за коментар да внесе дополнителна информација која е од големо значење на него, а се однесува на вработеното лице кое го внесува.

(12) Општина – во ова поле потребно е да се внесе општината во која живее вработеното лице. Со внес на . (точка) и притискање на enter ( од тастатура), на корисникот ќе му се отвори шифрарникот на општини каде што ќе може да ја избере соодветната општина која му е потребна.

(13) Деловна единица – полето за внес на деловна единица не е задолжително. Истото служи за внес на податок кој се однесува на деловната единица во која работи вработеното лице.

(14) Степен на образование подразбира избор на степен од опаѓачкото мени кое се активира со клик на стрелката на истото. Во ова поле корисникот има можност да внесе степен на образование на вработениот од I – X.

(15) E-mail – во ова поле се внесува е-маил адресата на вработениот;

(16) Лозинка за исплатното ливче: Корисникот има можност за поставување на лозинка за преглед на исплатното ливче за вработениот. Доколку истата ја постави, тогаш при експортирање на исплатното ливче за конкретниот вработен во пдф ќе биде потребно истата да ја внесе, за истата да се го прикаже. Ова поле не е задолжително и е дел од наменска доработка.

(17) Слика корисникот има можност да постави и слика од вработеното лице. Со клик на ... (трите точки), ќе се отвори локатор панел, кој што ќе треба да го насочите до коректната слика за истата при избор, да ја превземе. Препорачуваме внес на .bmp формат на слика. Доколку сакате да ја избришете претходната слика за да поставите нова, тогаш кликнете на Х копчето.

(18) Пол – со избор преку radio button, корисникот може да избере податок дали вработеното лице е од машки или женски пол;

(19) Датум од кој важи новото звањеова сетирање најчесто се користи доколку платата на вработеното лице е со бодови или со бодови и титули. Во случај на промена на бодовите по решение, минат труд или титула, програмот автоматски ќе ве насочи кон пополнување на полето за внес на датум од кој е направена промената. Ова е од причина што се случува платата за вработениот првата половина на месецот да е по х бодови, па во втората половина на месецот платата на истиот да е со y износ, поради интерна одлука и промена на бодовите. Со внес на датумот, програмот ќе добие насока до кој ден да ја направи платата по “старите” бодови, а од кој ден да ја започне пресметката по “новите” бодови.

(20) Коефицент на сложеност- преку паѓачко мени, корисникот има можност да избере коефициент на сложеност. Функцијата на истиот е зголемување на бруто платата која е последно внесена во програмот помножено по коефициентот кој ќе се избере. Препорачуваме внес на коефициент на сложеност со вредност 1.