<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Шифрарници > Ценовници |
Во ова поглавје ќе биде опишан начинот на кој се креираат ценовници во програмот. Овие ценовници, откако ќе бидат креирани може да се прикачат за комитент и автоматски да се повлекуваат секогаш кога за истиот ќе биде креирана излезна калкулација. Начинот на прикачување на ценовникот е опишан во упатството за шифрарникот на комитенти. Во кратки црти, при дефинирање на комитентот во табот за дистрибуција, во полето означено како Ценовник, треба да се внесе шифрата на ценовникот.
За да се креира нов ценовник потребно е од главниот екран, во менито шифрарници да се одбере опцијата ценовници (втора во предложените во паѓачкото мени). На екранот ќе се појави прозорец како на сликата подолу:
Тука стандардно, како и секаде низ програмот, со притискање на копчето Нов (ins) или копчето insert на тастатурата се отвара опција за внес на нов запис. Таа изгледа како на сликата подолу:
Во овој преглед потребно е рачно да се внесат податоци за уникатната шифра на ценовникот (под која програмот понатаму ќе го распознава низ други записи) и називот на истиот. За да се зачуваат податоците потребно е да се избере копчето Во ред или да се притисне F9 на тастатурата. По овој чекор потребно е да биде внесена содржината на ценовникот. За таа цел потребно е да го изберете копчето на кое пишува Содржина или да притиснете F10 на тастатурата додека сте позиционирани на ценовникот и ќе се отвори дополнителен прозорец. Тој прозорец изгледа како на сликата подолу:
Овде имате опција да ги повикувате производите од кои ќе се состои Вашиот ценовник еден по еден или претходно да ги селектирате со ѕвездичка во шифрарникот на производи и наеднаш да ги преземете со кликање на копчето Преземи селектирани шифри од шифрарник. Доколку одберете да ги преземете сите наеднаш, програмот ќе Ве праша дали цената е со данок и дали сакате да доделите одреден процент на рабат на сите селектирани производи наеднаш за да го комплетирате ценовникот. По ова со потврдување на копчето Во ред програмот ќе ги ископира сите производи со наведените специфичности во новиот ценовник. Истите Ви стојат на располагање за менување или бришење со избор на соодветните опции предложени на екранот.
Доколку решите да ги повикувате производите еден по еден со притискање на копчето Нов (Ins) позиционирано во долниот дел од прозорецот, програмот ќе отвори дополнителни полиња каде треба да наведете кој производ и со кои услови сакате да го повикате. Тој прозорец изгледа како на сликата подолу:
Во полето Шифра на производ потребно е да ја внесете шифрата на производот доколку ја памтите или да внесете точка и да притиснете enter за да влезете во шифрарникот на производи, па од таму да го изберете соодветниот производ и да го повлечете со притискање на enter на тастатурата додека сте позиционирани на него. Во останатите полиња потребно е да наведете продажна цена, процентуален износ на рабат (доколку го има) и да изберете дали оваа цена е со данок или без, па програмот автоматски ќе ја пресмета другата согласно даночната тарифа во која е сместен производот. Со избирање на опцијата Во ред или притискање на копчето F9 на тастатурата, ќе се зачува податокот и истиот Ви стои на располагање за понатамошно менување или бришење согласно Вашите потреби.