Симни најнова верзија на HELIX

За непосредно симнување притисни овде 
За симнување на дополнителни датотеки притисни овде (слики, обрасци, некои експорти вo Excel, …)
Се распакуваат во истиот директориум на главниот програм (погледни го кусото упатство подолу).
Кусо упатство за инсталирање:
По успешното симнување (download) на програмот стартувајте го симнатиот file кој претставува спакувана архива од потребните програмски компоненти. По стартувањето ќе се отвори панел како на сликата:
download01_1
На истиот панел со помош на копчето Browse… ќе ја одредите папката во која ќе ја распакувате симнатата архива. Таа папка треба да биде идентична со постоечката на кој веќе е инсталиран програмот HELIX (за одредување на папката погледнете го упатството подолу).Потоа притиснете Install >
Локација на папката ќе ја откриете ако на иконата за стартување на програмот, со десното копче на глушецот изберете Properties:
download03
/Патеката е запишана во полето Target:
download04
Со притискање на копчето Extract започнува распакувањето.
Доколку се појави следниот панел (со информација дека претходно веќе постои инсталиран програм) потврдете со притискање на Yes to All како на сликата:
download05_1
Потоа стартувајте го програмот. Доколку (а и не мора) се појави следниот панел, на него одговорете со Да (Ф9).
Nadgradba
Последниот чекор значи автоматско стартување на HELIX. Потребно е само малку да го причекате извршувањето на сите нови надградби (како на сликата:
download06_1
Уживајте во новата верзија на HELIX.

4 причини зошто HELIX

  1. Иновативни решенија

    Cloud Решенија

    Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил

  2. Ефективни решенија

    Поврзаност на податоците.

    Автоматско книжење.

    Лесно управување.

  3. Исплатливи решенија

    Комплетна поддршка.

    Внимание на детали.

    Зголемена конкурентност.

  4. Интелигентни решенија

    Намалени трошоци.

    Точни податоци за правилни деловни одлуки.