Согласно новите законски промени, Зонел Софтвер имплементира две нови законски измени во HELIX.

Законска 66 (01.12.2015) : Измени во МПИН за Агенции за Привремени Вработувања – 11.2015

Усогласување со новите измени во МПИН за Агенции за Привремени Вработувања.

Со член 3 од Законот за дополнување на законот за агенциите за привремени вработувања („Сл. Весник на РМ“, бр.98 од 15.06.2015 година) извршено е дополнување на членот 11-а од овој закон, со кое предвидено е Агенцијата за привремени вработувања да подготвува и доставува посебна пресметка за плата и придонеси од плата и за вработените во Агенцијата за привремени вработувања поединечно.
Поднесувањето и исплатата на платата започнувајќи од МПИН пресметките за месец 11/2015 година

Законска 65 (30.11.2015) : Нови шифри за МПИН за ослободување од придонеси, за замена поради породилно отсуство 09.2015

Во Пресметка на плата се воведени новите шифри за МПИН за следниве категории на нововработени лица:
– Замена на работник кој користи породилно отсуство до 270 и
– Замена на работник кој користи породилно отсуство до 450 дена.

 

За цените на новите Законски измени имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате повеќе на следниов линк: Законски верзии.

Тимот на Зонел Софтвер продолжува целосно да ги следи најновите релевантни законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истата ќе  ја имплементира во HELIX.

4 причини зошто HELIX

  1. Иновативни решенија

    Cloud Решенија

    Мобилност, флексибилност и модерен деловен стил

  2. Ефективни решенија

    Поврзаност на податоците.

    Автоматско книжење.

    Лесно управување.

  3. Исплатливи решенија

    Комплетна поддршка.

    Внимание на детали.

    Зголемена конкурентност.

  4. Интелигентни решенија

    Намалени трошоци.

    Точни податоци за правилни деловни одлуки.