Согласно новите законски промени, Зонел Софтвер имплементира две нови законски измени во HELIX.
Законска 66 (01.12.2015) : Измени во МПИН за Агенции за Привремени Вработувања – 11.2015
Усогласување со новите измени во МПИН за Агенции за Привремени Вработувања.
Со член 3 од Законот за дополнување на законот за агенциите за привремени вработувања („Сл. Весник на РМ“, бр.98 од 15.06.2015 година) извршено е дополнување на членот 11-а од овој закон, со кое предвидено е Агенцијата за привремени вработувања да подготвува и доставува посебна пресметка за плата и придонеси од плата и за вработените во Агенцијата за привремени вработувања поединечно.
Поднесувањето и исплатата на платата започнувајќи од МПИН пресметките за месец 11/2015 година
Законска 65 (30.11.2015) : Нови шифри за МПИН за ослободување од придонеси, за замена поради породилно отсуство 09.2015
Во Пресметка на плата се воведени новите шифри за МПИН за следниве категории на нововработени лица:
– Замена на работник кој користи породилно отсуство до 270 и
– Замена на работник кој користи породилно отсуство до 450 дена.
За цените на новите Законски измени имплементирани во HELIX како и за други постари Законски измени можете да се информирате повеќе на следниов линк: Законски верзии.
Тимот на Зонел Софтвер продолжува целосно да ги следи најновите релевантни законски измени кои влијаат врз функционирањето на нашите решенија и Веднаш после стапување на сила на секоја ваква законска измена тимот на Зонел Софтвер истата ќе ја имплементира во HELIX.