Зонел Софтвер континуирано ги развива своите решенија и им додава нови карактеристики со што на корисниците на нашите решенија им отвора нови можности во нивното работење, а една таква можност е Акции во малопродажба.
Во рамките на овој развој е развиен нов модул за Акции во малопродажба. Овој модул на корисниците на HELIX им овозможува на многу едноставен начин да креираат Акции во малопродажба за своите клиенти.
Во самиот модул корисникот на HELIX треба само да ги дефинира влезните параметри на акцијата што сака да ја креира (пример: Вредност на сметка поголема од 1000 денари) и излезните параметри т.е. што е она што корисникот го добива ако е исполнет влезниот параметар (пример: Попуст од 10% на целата сметка, гратис производ,…).
Модулот е многу моќна и едноставна алатка која на нашите корисници им овозможува голем број на комбинации за креирање на Акции за своите клиенти.
При дефинирање на конкретна акција корисникот може да одбере период на важење на акцијата, продавници за која важи акцијата и конкретни денови и часови во неделата за кои важи акцијата.
Влезните услови можат да бидат следниве:
- Производ – се одбира производ и му се доделува количина или износ
- Група на производи – се одбира група на производи и се одбира количина или износ. Овој услов е за било кој продаден артикал од избраната група на производи.
- Основна шифра – ова се однесува за артикли со избраата основна шифра. Во условот мора да се дефинира количина или износ
- Износ на парагон – условот е задоволен само за внесениот износ.
- Поени – се дефинира бројот на поени за кои ќе важи акцијата
Резултат-акција доколку се задоволени потребните влезни услови:
Доколку е исполнет било кој од условите кои се дефинирани како влезни услови тогаш може како резултат да се креираат следниве акции:
- Додавање на нов производ во истата сметка (гратис производ)
- Попуст на целата сметка – за износ кој е дефиниран во акцијата
- Попуст на призвод – може да се корегира цената или да му се додели рабат
- Доделување на поени – поени кои се дефинирани на артиклите, му се доделуваат на избраниот клиент
За повеќе детали околу модулот контактирајте ги нашите вработени од секторот за корисничка поддршка кои Ви стојат на располагање за повеќе детали околу овој модул – Контакт.