<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Малопродажба > Картица на производ |
За целосна евиденција на движењето на еден производ во малопродажното работење се користи опцијата картица на производ. Истата се наоѓа во делот малопродажба – картица на производ.
Кога ќе се одбере можноста за картица на производ се отвара дополнителен прозорец на кој треба да ја одбереме продавницата за која сакаме да ја користиме опцијата за евиденција на производ. По одбирање на продавницата и потврдување на одбраното со копчето ВО РЕД Ф9 на екранот добиваме приказ на целата лагер листа со сите вклучени производи.
Овде имаме можност да одбереме производ кој ни е потребен за да ја видиме неговата картица на движење. За последно наоѓање на потребниот производ можеме како помош да ги користиме опциите кои ни се достапни, од десната страна имаме можност да избереме дали ќе пребаруваме по дел од назив или пак по шифра. По одбирање на потребното пребарување за филтер со SPACE копчето од тастатурата ни се отвора мал локатор кој пребарува.
По наоѓање на производот во шифрарникот на производи со Enter добиваме приказ на неговата картица.
Во картицата на производи имаме целосна евиденција за влезовите и излезите на производите.
Односно на кој датум , која количина ја имаме набавено, од кој добавувач, на тој датум која ни била состојбата за тој производ, просечната набавна цена. Доколку се работи за нивелација на картицата на производ би добиле и приказ за претходната цена и новата цена на производот.
Доколку се работи за излезна калкулација или продажба преку каса имаме приказ на излезена количина, по која цена и кон кој купувач како и на кој датум е направена продажбата преку која калкулација или парагон.
Во делот за печатење го добиваме законскиот документ за материјална евиденција на трговија за конкретен производ
На печатењето го добиваме истиот приказ што го имаме на екранот, целосното движење на производот во продавницата.