<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Малопродажба > Упросечување |
Во ова поглавје ќе биде објаснета опцијата за упросечување на набавната цена на производите во малопродажба.
Опцијата се наоѓа во паѓачкото мени во малопродажба и се активира со клик и избор на соодветната продавница во кој сакате да направите упросечување на набавната цена на производите.
Програмот работи врз основа на просечна набавна цена, за која имаме реална слика само доколку наизменично имаме влез па соодветен излез. Просечната набавна цена се губи односно не е реална доколку производот оди во минусна количина.
Изборот се врши со позиционирање на продавницата и опцијата за избор F9 или притискање на копчето F9 на тастатурата. После ова програмот сам ќе изврши соодветно упросечување и доколку истото трае подолго на екранот ќе се покаже песочен часовник кој ќе се изгуби штом упросечувањето заврши.
Просечната набавна цена се пресметува автоматски со креирање на записите во малопродажба/влез, меѓутоа во реалноста многу често влезните документи доаѓаат со покасен датум па заради тоа доаѓа до пореметување на просечната цена.
На пример, за одреден производ ќе се подготви излезна фактура а истиот се уште не е внесен на лагер па во евиденцијата за излез била евидентирана просечна цена која не е реална. Или доколку се работи со негативни количини (производи кои ги нема на лагер) програмот воопшто не би имал податок за набавна цена во моментот на издавање на истите.
Заради тоа потребно е повторно да му дадете наредба на програмот да ја пресмета соодветно просечната цена низ сите записи и по задоцнетото внесување на новата набавна цена, за да имате реална анализа на трошоци и приходи и исправна сметководствена евиденција во модулот за финансово работење, доколку користите автоматско книжење со предефинирани теркови. Во овој случај потребно е документите повторно масовно да се прекнижат како што е објаснето во едно од претходните поглавја.
Заради точна евиденција на просечната набавна цена во малопродажба, препорачано е оваа опција за потврдување на упросечената набавна цена да ја пуштате барем еднаш месечно или по Ваше сопствено видување.