<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Материјално работење > Излез од магацин > Парагон |
Во ова поглавје ќе биде опишан начинот за креирање на парагон при продажба од модулот за материјално работење.
Опцијата може да се најде од десната страна на екранскиот приказ по влез во менито за креирање на излезен документ од материјално.
Со кликање на копчето се отвара прозорец кој е идентичен на содржината на оној кој се појавува кога се креира стандарден излезен документ од материјално.
Пополнувањето на истиот е веќе опишано во претходните поглавја а единствена разлика во овој тип на документи е што програмот автоматски ги креира податоците од првиот прозорец и им додава префикс ПА за да ги разграничи од останатите документи.
Додадена е и опција за креирање на фискална сметка која се активира со повикување на понудената опција на копчето обележано како Фискална сметка, кое откако ќе завршите со внес на сите производи кои се составен дел од овој парагон може да го видите во долниот дел од екранот.
За повикување на истата може да ја искористите и опцијата да го притиснете копчето F12 или Esc на тастатурата.
Откако ќе издадете команда за печатење на фискална сметка потребно е да изберете и на кој начин се врши плаќање по истата (во готово, картичка или комбинирано) и да го потврдите печатењето на истата. Доколку се наплаќа само во готово потребно е да се внесе примениот износ, по што програмот ќе пресмета колкав кусур треба да вратите на купувачот.
Прозорецот кој ќе се појави по оваа команда изгледа како на сликата подолу:
За да функционира оваа опција потребно е претходно да имате исправен фискален принтер соодветно сетиран за да прифаќа наредби од програмот.
Доколку имате потреба од креирање на сторно сметка потребно е на ист начин да ги внесете сите останати податоци и само пред количината на производот да вметнете минус (-) со што програмот ќе препознае дека станува збор за сторно сметка. Наредбата за печатење на истата ја издавате на ист начин (со притискање на F12 или копчето за печатење на фискална сметка позиционирано на екранот).