<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Материјално работење > Излез од магацин > Производство |
Во ова поглавје во детали ќе биде објаснета постапката за креирање на производна калкулација во модулот за материјално работење.
Најпрво потребно е да влеземе во паѓачкото мени за материјално работење и да ја одбереме опцијата излез.
Со позиционирање и избор/enter се влегува во соодветниот магацин во кој сакаме да произведуваме готови производи.
Опцијата за креирање на нова калкулација ќе се отвори кога ќе го избереме копчето Нов (ins) позиционирано на десната страна од екранскиот приказ или со притискање на копчето insert од тастатурата.
За да се креира една производна калкулација неопходно е да се пополнат два прозорци од кои во првиот се пополнуваат генералните податоци на калкулацијата а во вториот се внесуваат ставките/производите кои се нејзината содржина.
Првиот прозорец се пополнува на идентичен начин како и при креирање на стандардна излезна калкулација, со таа разлика што истата треба да ја обележиме како производна во десниот горен агол и да ги наведеме дополнителните трошоци за производство во полето обележано за тоа (само доколку ги има). Пополнувањето на овој прозорец е во детали објаснето во поглавјето за креирање на излезни калкулации. Тој изгледа како на сликата подолу:
Откако ќе завршиме со внес на основните податоци и со притискање на F9 го зачуваме овој запис, програмот ќе Ве одведе до следниот прозорец во кој треба да изберете кој производ ќе го произведувате. Тој прозорец изгледа како на сликата подолу:
Со притискање на копчето Нов (Ins) или копчето Insert на тастатурата ќе се отвори опцијата за внесување на нов запис. Во него треба да ги повикате готовите производи кои ги произведувате и соодветната количина како и продажната цена на истите. Готовиот производ го повикувате со директно внесување на шифрата на истиот или пребарување од шифрарникот на производи кој ќе се појави со внесување на точка (.) и enter во полето обележано со Шифра.
Кога ќе завршите со евидентирање на готовите производи излегувате од овој прозорец со двојно притискање на Излез.
Со кликање на копчето на кое пишува раздолжи репро материјал, позиционирано во долниот лев агол, ќе се повлече нормативот кој бил предефиниран во шифрарникот за производи, за сите готови производи наведени во содржината на калкулацијата.
Детален опис за дефинирање на нормативот за еден готов производ има во упатството за шифрарник на производи.
Ставките од нормативот ќе ги видите на екранот веднаш по кликање на копчето Раздолжи репро материјал и Ви стојат на располагање за бришење или промена со избор на соодветните опции од екранот.
Повторно можете да влезете во прозорецот со готови производи со кликање на копчето Финални производи или притискање на F10 од тастатурата и да измените некој од записите но имајте на ум дека доколку повторно ја повикате опцијата за раздолжување на репро материјал, програмот уште еднаш ќе ги земе сите нормативи во предвид и ќе раздолжи по истите.
Во долниот лев агол имате опција и за печатење на работен налог, контрола на лагерот од репроматеријалите, раздолжување на репро материјали од различни магацини, како и стандардните опции на програмот за печатење на разни варијанти од документот, промена и бришење на ставките итн.
И во горниот лев агол има паѓачки менија со дополнителни опции за печатење, специфични пресметки итн.
Во наредните поглавја има детални описи за специфични случаи за производство.