<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Материјално работење > Излез од магацин > Производство > Производство-Рачно со врска со готов производ |
Овој тип на производство се користи кога не може да се постави фиксен норматив на одреден готов производ и попрактично е истиот рачно да се вметнува во моментот кога се креира производствената калкулација.
Самата калкулација се креира на идентичен начин како и при стандардна производствена калкулација, но бидејќи нема автоматска распределба на нормативот потребно е еден по еден рачно да се внесат сите репро материјали кои се потрошени во производството и истите соодветно да се поврзат со готовиот производ за кој се однесуваат.
Откако ќе бидат внесени готовите производи кои се предмет на ова производство, репро материјалот се внесува со избор на понудените опции за креирање на нов запис, промена и бришење, стандардно поставени во левиот долен агол на екранскиот приказ.
Поврзувањето на искористениот репро материјал со готовиот производ се изведува со избор на готовиот производ за кој истиот се однесува од полето Шифра на готов производ.
На овој начин рачно се креира производствена калкулација за која на располагање остануваат сите печатени форми како и за стандардна производствена калкулација.