<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Материјално работење > Излез од магацин > Производство > Производство-Без врска со готов производ |
Во ова поглавје,опишан е начинот на креирање на производна калкулација во која од истиот репро материјал се креираат повеќе готови производи и сакаме да ја прилагодиме распределбата на набавната цена на репро материјалот.
За да може да се користи овој начин на работа со софтверот потребно е во генералните сетирања да се избере посебна опција, специјално дизајнирана за овој начин на производство. Истата може да ја најдете во менито Систем/Сетирања/Материјално/Содржина на излезни калкулација и тука потребно е да биде штиклиран чекбоксот пред При рачно раздолжување Репро, да не врзува шифра на готов производ.
Подготовката на производствената калкулација е идентична како при стандардно производство со зададен норматив за готов производ се до моментот кога ќе го раздолжите репро материјалот. По тој чекор потребно е рачно да се избришат дупло креираните ставки за секој искористен репро материјал и на едната која ќе остане да се промени податокот за реално потрошен репро материјал.
Во содржината на Финални производи потребно е да се вметне соодносот со кој сакате да се распредели набавната цена на репро материјалот во готовиот производ. За таа цел потребно е да се позиционирате на готовиот производ и да извршите промена на податокот во полето означено како Прод. Цена. При тоа имајте на ум дека на располагање Ви стојат опции да изберете која цифра ќе Ви ја претставува финалната набавна цена од која ќе го креирате соодносот (на пр. 1, 10,100,1000,10000...). На пример, доколку произведувате два финални производи, на еден производ му доделите 800, на останатиот треба да му ги распределите останатите 200 за комплетно да се искористи набавната цена на репро материјалот во готовите производи во сооднос 800:200 од комплетната цена.
На овој начин влијаете на креирање на пореална маржа и креирање на извештаи кои попрецизно ќе ја прикажат заработката од одредени производи.