Таб 2: Податоци за вработување

<< Кликни за приказ на Содржина >>

Навигација:  HELIX - Корисничко упатство > Плата > Матични податоци за вработените >

Таб 2: Податоци за вработување

Во  Податоци за вработување потребно е да се внесат податоци кои се однесуваат на самиот договор за вработување  со вработениот.

 

Поконкретно:

 

 

1.Износ по решение/минат труд – полиња во кои се внесуваат бодовите по решение и по минат труд согласно договорот на вработениот, доколку платата му се изработува по принцип на пресметка со бодови;

2.Колективно осигурување – Доколку вработениот се има одлучено за колективно осигурување, тогаш корисникот модулот плата, има можност за избор на статус да/не, преку radio button опција;

3.Вработен (ако дал отказ) – додека вработениот работи во фирмата и за истиот треба да се направи плата тогаш, изборот останува на Да. Во моментот кога за вработениот ќе биде изготвена одјава бидејќи истиот не работи повеќе во фирмата, тогаш се поставува статус Не. Важно е да се напомене, дека доколку во програмот се направи пресметка на плата за вработениот, истиот не е можно кориснички да се избрише од матичните податоци. Но, со поставување на статусот Не, се дава насока на програмот за да не го презема во понатамошните изработки на платата;

4.Скратено работно време – доколку вработениот е на скратено работно време пријавен во фирмата, тогаш е потребно да се сетира скратено раб. време Да. Важно е да се напомене - за да се изврши пренос на податокот дека вработеното лице е на скратено работно време, во пресметката на платата, потребно е првичнно да се сетира во системските сетирања на платата. Но и доколку не се сетира истото во системските сетирања, корисникот има можност на ниво на пресметка за плата, да го постави истото сетирање директно во пресметката;

5.Член на синдикат – доколку вработениот е член на синдикат, корисникот може да го внесе тој податок со избор на опцијата Да.

6.Инвалид – доколку вработениот е лице со инвалидитет, тогаш потребно е да се сетира опцијата Да. Оттаму во самата пресметка на платата ќе се пренесе соодветната шифра која подоцна ќе се запише и во определено поле во МПИН клиентскиот софтвер.

7.Со/без данок – подразбира дали во пресметката на платата за вработениот треба да се пресметува персонален данок или не. Доколку станува збор за определен случај кој што налага кај вработениот да не се пресметува персонален данок, треба да биде сетирано НЕ. Паралелно со ова сетирање има и поле 18. Ослоб. од перс. данок до каде треба да се наведе конкретниот датум до кога лицето е ослободено од персонален данок. По истекот на наведениот датум, програмот автоматски ќе продолжи да си пресметува персонален данок во платата.

8.Даночно ослободување – доколку за вработеното лице е потребно да се исплаќа даночно ослободување, тогаш потребно е да се сетира да. Во спротивно, потребно е да биде сетирано Не.

9.Адвокат – доколку лицето за кое што се прави плата е адвокат, тогаш според Законските одредби за него важат посебни правила и има соодветни шифри кои треба да се забележат во МПИН. За таа цел, потребно е да се сетира Да – кај  вработениот.

10.Пресметка на плата - програмот има можност, корисникот сам да избере дали пресметката на платата ќе се одвива по бруто плата или бруто саатнина. Дифолтно, програмот работи по пресметка на бруто плата. Доколку корисникот сака да ја пресметува платата по бруто саатнина тогаш е потребно да сетира Да и во полето 20 бруто саатнина да ја внесе истата.

11.Нововработ. до 29 год е опција која е дел од законската измена за ослободување на работодавецот од придонеси и персонален данок, за вработување на лице до 29 години. Со избор на Да, потребно е да се сетира до кој период се ослободени лицата од персонален данок и дан. ослободување (полиња 18 и 22).

12.Ослоб.придонеси – се пополнува кај лицата кај кои работодавачот е ослободен од плаќање на придонеси од определена причина. За таа цел потребно е да се сетира Да и паралелно во полето 22 да се пополни датум до кој важи ослободувањето од плаќање на придонесите. По истекот на датумот, програмот автоматски ќе продолжи со пресметување на придонесите.

13.Практикант – за изработка на плата за лице кое е практикант во фирмата, потребно е да се одбере Да. Со статусот практикант, програмот автоматски ќе ја пренесеме изработката на платата во соодветните полиња во Мпин клиентскиот софтвер.

14.Евиденција за стар и нов одмор – поле кое се користи за самостоен внес на евиденција за стар и нов одмор кој му следува на вработеното лице;

15.Службен пат - поле кое се користи за самостоен внес на евиденција за службен пат треба да го реализира вработеното лице

16.Хранарина и превоз – полиња во кои корисникот може да ги внесе износите за хранарина и превоз кои треба да му се исплатат на вработениот.

17.Шифра за осл. Дан. МПИН – паѓачко мени каде корисникот има можност да ј избере соодветната шифра согласно потребата за изработка на платата. Шифрите кои се имплементирани во тоа мени се согласно законските промени.

19. Бруто плата – доколку бруто платата кај вработеното лице е фиксна, тогаш корисникот има можност истата да ја внесе во ова поле. При креирање на пресметка за плата, износот на бруто платата би се запишувал во самата пресметка.

20. бруто саатнина – поле кое се користи за внес на бруто саатнината, доколку корисникот се одлучи дека сака пресметката на платата да тргнува од истата.

21. нето плата – доколку е внесена фиксна бруто платата кај вработеното лице, тогаш се препорачува и внес на фиксна нето плата. При креирање на пресметка за плата, износот на бруто платата би се запишувал во самата пресметка, па оттаму ќе се пресметува и нето платата.

 

 

23. шифра за МПИН за нововработени – како дел од ова паѓачко мени се шифрите согласно проектите за ослободување на работодавачите од плаќање на придонеси и персонален данок – Македонија Вработува 1 и Македонија вработува 2. Со клик на стрелката, се отвара паѓачкото мени, каде корисникот има можност да ја избере конкретната шифра што му е потребна. Со избор на истата, се препорачува и пополнување на полињата за ослободување на придонеси со наведување до кога важи ослободувањето како и сетирањето за ослободување од персонален данок заедно со датумот до кога е ослободување од персонален данок.

24. Член на приватен пензиски фонд – со избор преку radio button доколку вработениот е член на приватен пензиски фонд, се избира Да. Во спротивно, останува на Не. Станува збор за податок од информативен карактер.

25. Вработен на определено време – доколку вработениот работи во фирмата на определено време, тогаш потребно е истото да се забележи со Да. Во спротивно останува дефинирано како не.