<< Кликни за приказ на Содржина >> Навигација: HELIX - Корисничко упатство > Плата > Матични податоци за вработените > Таб 3: Стаж и исплата |
Во Стаж и исплата, се внесуваат податоци за вработеното лице поврзани со почетниот/крајниот датум на договорот, стажот кој реално го има, доколку е лице со бенефициран стаж истот се внесува како податок во овој дел.
Подетално:
1.Податоци за стажот – подразбира внес на почетен и краен датум во тековната година, датум на вработување и број на договор. Доколку во системските сетирања за плата е поставено сетирање дека корисникот сака да се пренесат податоците од почетниот/крајниот датум како пријава и одјава во пресметката на платата, тогаш при креирање на плата која ќе го опфати датумот на почетниот/крајниот датум во тековната година, програмот автоматски ќе креира пријава и одјава со датумот запишан во полињата. Доколку не е сетирано во системските сетирања дека на корисникот му е потребно програмот да ги преземе почетниот/крајниот датум ви тековната година како пријава и одјава, тогаш датумите внесени во овој дел ќе бидат само од информативен карактер. Датумот на вработување и бројот на прв договор, во моментов се податоци кои се од информативен карактер.
2.Бенефициран работен стаж – доколку кај вработениот треба да се премета плата со бенефициран стаж, во тој случај се пополнуваат полињата за група, процент, шифра на стаж според МППМ и периодот од –до кој важи.
3.Кадровска поставеност – доколку корисникот има потреба да креира плата поделена по организациони единици (ОЕ), работни места и коминтенти тогаш потребно е да ги пополни соодетните полиња. Ваков вид на плата најчесто се сретнува по големите фирми или кај Агенциите за вработување. Во програмот има извештаи кои генерираат податоци врз основа на ОЕ, кои понатаму може да ги користи корисникот во тековната работа.
4.Исплата на плата – За да може корисникот, веќе подготвената плата да ја исплати на вработените, потребно е во полето трансакциона сметка да ја внесе истата. Во полето за Банка, со . (точка) и enter (од тастатура) корисникот има можност да го повика шифрарникот на банки и оттаму да ја повлече шифрата на банката согласно трансакционата сметка. Доколку станува збор за исплата на плата за Агенции за вработување тогаш во таб-от исплата аген. потребно е да се пополнат податоците кои се однесуваат на начин на плаќање тековна сметка и Банка.
5.Вкупен работен стаж – согласно листите од ПИОМ се пополнуваат податоците кои се однесуваат на тоа колку работен стаж имал вработениот до моментот. Податоците кои ќе се внесат во овие полиња (год, месец, денови) служат за понатамошна пресметка на минатиот труд во платата кај вработениот